ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС ги укина корисните мерки за намалување на загаденоста

Од:

„Граѓаните на Република Македонија секојдневно се соочуваат со еколошка бомба, а институциите молчат. Мерните станици секој ден покажуваат опасно висока загаденост на воздухот со ПМ10 честички.

Последиците од загадениот воздух се повеќе ги чувствуваат граѓаните и ги плаќаат со своето здравје. Секој ден болниците низ државата се полнат со луѓе кои имаат респираторни заболувања.

Граѓаните се оставени сами на себе. Владата на СДС која е 6 месеци на власт не презема конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Владата нема план.

Владата на СДС дури ги укина и корисните мерки кои ги имаше воведено претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

По стапката на владата на СДС тргнаа и нивните градоначалници кои по локалните избори стартуваа со контра мерки.

Додека мерните станици на министерство за животна средина и просторно планирање алармираат секој ден дека има превисоки концентрации на ПМ10 честичките, и граѓаните се гушат, владата на СДС се грижи за нивните луксузирања и полнење на институциите со партиски војници.

Владата на СДС и нивните градоначалници ќе сносат одговорност затоа тоа што не превземаат ништо околу намалување на загаденоста на воздухот поради која секој ден се губат човечки животи“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски