Забрана за возила до Средно Водно, за граѓаните бесплатен автобуски превоз

Од:

Почнувајќи од утре, секој викенд и државен празник, ќе биде забрането движење на мотрни возила на патот до Седно Водно. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека целта на оваа забрана е да се заштитат природните убавини и просторот за рекреација на Водно.

Оваа мерка ќе важи за време на викендите и државните празници, од 9 до 16 часот. Ќе биде обезбеден бесплатен автобуски превоз и бесплатен паркинг за граѓаните кои ќе се рекреираат на Водно.

– Водно утре го ослободуваме од возила. За да им овозможиме на граѓаните полесно да стигнат до Средно Водно воведуваме две нови автобуски линии, покрај постојната која вози од Транспортен центар. Првата автобуска линија ќе тргнува од катната гаража на улицата „Св. Кирил и Методиј“ спроти „Макпетрол“, а втората ќе тргнува од паркингот на Цветниот пазар, кај поранешниот Дом на печат. Возењето на овие две нови автобуски линии ќе биде бесплатно за време на викендите и државните празници, од почетокот на оваа акција, рече Шилегов.

Тој информира дека дополнително во овие денови ќе биде обезбеден и бесплатно паркирање во катната гаража на улицата „Св. Кирил и Методиј“ и на паркингот кај Цветниот пазар.

– Оваа мерка е важен дел од заложбите на Град Скопје за поздрава животна средина, почист простор за спорт и рекреација, имајќи го предвид пред се здравјето на граѓаните, потенцира Шилегов.

Појасни дека скопјани нема да можат да возат од Сопиште нагоре и на таа крстосница ќе мора да се вратат назад и да ги употребат овие паркинзи и до Средно Водно да продолжат да се движат со автобусите.

– Паркирањето по патот кон Средно Водно до крстосницата со Сопиште ќе биде забрането, рече Шилегов.

Скопскиот градоначалник Шилегов истакна дека загадувањето на воздухот не може да се решава парцијално и додаде оти е потребна Стратегија за да се опфатат сите извори на загадувањето, од затоплувањето на домовите, сообраќајот, градежништвото, инспекциски надзор, диви депонии, палење огнови…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето