„Народно движење за Македонија ги поздравува иницијативите на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов од Струмица за економска, инфраструктурна, туристичка и енергетска соработка, развојот на коридорот 10, намалување на меѓународните тарифи за роаминг во телекомуникациските услуги, што севкупно е во интерес на граѓаните.
Меѓутоа, НДМ и народот изразуваат големо разочараност што премиерот Заев на вчерашната заедничка седница на македонската и бугарската влада не го постави прашањето за дискриматорската положба на Македонците во Бугарија.
Односно, премиерот Заев на најкомпетентното место не побара одговор зошто Македонците во Бугарија во 21-ви век ги немаат основните човекови и малцински права во духот на основните начела на меѓународното право, на правниот поредок на Обединетите нации и начелата на КЕБС/ОБСЕ.
Затоа НДМ прашува, премиере Заев како може да заборавите на Македонците во Бугарија!?“, се вели во соопштението на НДМ.