Заев: Зголемувањето на цената на горивата е за враќање на долговите од будалаштините на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Покрај првите три прашања, пратеникот Илија Димовски му постави дополнително прашање на премиерот Заев, дали планира да престане зголемувањето на давачките на граѓаните, алудирајќи на кревање на цената на горивата.

Заев на ова одговори дека зголемувањето на цената на горивата се должи на големите долгови кои ги има државата од будалаштините на претходната власт кои трошеа на барок и бронза.

– Македонија нема капацитет да троши 700 милиони евра на барок и бронза, тоа не е инфраструктура, ќе нема поврат за тие пари, рече Заев.

Тој додаде дека Македонија досега има 130 милиони евра неплатени долгови, а Владата со кредити може да врати само 50 милиони евра.

– Нафтата останува најевтина во регионот и ова зголемување не е значително за семејните буџети, кажа Заев.

Тој вели дека е убеден дека економијата во Македонија ќе расте и тоа ќе го почувствуваат и граѓаните.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски