Се зголемува бројот на заболени од грип, за една недела 67 нови случаи

Од:

Изминатата недела (од 13 до 19 ноември) се регистрирани 67 нови случаи на заболени од грип, што е зголемување во споредба со претходната седмица кога биле регистрирани 47 заболени лица, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје на Република Македонија објавен на неговата веб страница.

Во сезоната 2017/2018 вкупниот број заболени од грип изнесува 367.

Најголем број заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години. Изминатата недела најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Подрачната единица Гостивар (23 случаи), додека највисока инциденца од 50,4 на 100.000 жители е регистрирана на територија на Подрачната единица Дебар.

Во однос на заболените по возрасни групи, најголем број заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 63,8 отсто, а најголема инциденца се регистрира кај лицата над 65 години.

Во епидемиолошките служби на центрите за јавно здравје/подрачните единици вакцинацијата почна на 17 октомври, а на располагање за вакцинација за сезонава се 27.997 дози на вакцина.

Досега се вакцинирани 27.990 лица и се искористени 99,9 отсто од набавените вакцини. Најголем број вакцинирани се на возраст над 65 години – 60,5 отсто, а од вкупниот број вакцинирани, 75,2 отсто се со историја на хронично заболување.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски