Загадувањето на воздухот во Техеран е причина за смртта на 4.460 лица во изминатата иранска година (март 2011 – март 2012), изјави советникот на министерот за здравство, Хасан Агаџани.
Властите по втор пат во период од еден месец во саботата ги затворија административните згради поради високото ниво на загаденост на воздухот. Тие исто така воведоа етпано движење на возилата, со цел да се намали сообраќајот, кој е главен причините на загадувањето.
Иранските автомобили користат повеќе гориво од возилата во други земји, а квалитетот на бензинот вообичаено е понизок.
Според директорот на агенцијата за контрола на воздухот Јусеф Рашиди бензинот произведен во Иран содржи меѓу два и три проценти канцерогени елементи, а нивото треба да биде под еден отсто.
Техеран е еден од најзагадените градови во светот поради неговата географска положба, на 1.500 метри надморска височина во котлина, опколена со планини, но и поради сообраќајот, кој е во постојан раст во осуммилионскиот град.