(ВИДЕО) Стаменковска: Наместо независност на судството, СДСМ врши брутален упад во судскиот систем

Од:

Невенка Стаменковска денеска на прес-конференција изјави дека реформите во судството за кои што СДСМ се залагаше доживуваат фијаско и наспроти заложби за јакнење на независноста на судскиот систем, СДСМ врши брутални упади во судскиот систем.

– Прекршен е законот за судови, во делот за избор на судии. Согласно член 46 став 1 алинеја 2 од законот за судови за судија за апелациониот суд може да биде избрано лице кое: е оценет со највисока позитивна оценка и во однос на другите пријавени лица има добиено најголем број на бодови. Последниот избор на судии во Апелациониот суд во Скопје покажува дека за судии се избрани лица кои имаат помалку бодови, и стаж од оние кои се повисоко рангирани. Зад плаштот на реформи се врши избор на судии по теркот на Заев и СДС. Дел од членовите на судски совет имаат должност да објаснат, согласно препораките на Прибе и Европската комисија, како е избрана Тања Милева за апелационен судија со само 7 години стаж, а не ги избира Лазар Нанев прворангиран со 261 бод и 15 години работен стаж или Габриела Најдова со 260 бодови и 9.5 години работен стаж, или пак Диана Груевска Илиевска со 260 бодови и 11 години стаж. Одговорот на оваа дилема го дава фактот што токму новоизбраната судијка Тања Милева, е и сопруга на Игор Милев кој е избран член на ДИК по предлог на СДС, рече Стаменковска.

Вториот скандал, како што рече Стаменковска, е изборот на Зоран Герасимовски за апелационен судија кој е со само 222 бодови, и 12 години работен стаж, а не е избран прво рангираната судијка Радмила Карановиќ со 260 бода и дупло повеќе години работен стаж односно од 21 година, или пак Мирјана Николовска Калчиноска која има 260 бода и исто 21 година работен стаж, или пак судијката Ирена Костадинова со 12 години стаж, и 260 бодови.

– Инаку избраниот судија Герасимовски е во кумски односи со висок функционер на СДС. Ова е јасен доказ за политички упад во судството. Ова е спротивно на законот, преставува политичко погребување на судството и е во насока на креирање на атмосфера на страв присутна кај судиите. Очигледен политички диктат од власта на СДС врз судството. Го повикуваме јавното обвинителство да реагира, да го испита работењето на дел од членовите на Судскиот совет и јасното кршење на законот за судови член 46 став 1 алинеја 2. Истовремено нарушени се и барањата за реформи и препораките на Прибе, со што повикуваме и на реакција на Европската Комисија и сите релевантни субјекти на меѓународната заедница, рече Стаменковска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Стојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во Парламентот