Договорите за јавните набавки од следниот месец ќе и бидат достапни на јавноста. Договорниот орган ќе има обврска договорот да го објави на својата веб страница, а потоа ќе може да го реализира, потврди за МИА директорот на Бирото за јавни набавки Ѓорѓи Ѓоргиевски.
Според оваа новина, што претходно ја најави премиерот Зоран Заев, од 1 декември секој договор за јавна набавка склучен од која било државна или јавна институција под надлежност на Владата, а со препораки и до општините и до другите јавни институции, ќе може да се реализира откако прво ќе биде објавен на веб-страницата на секоја институција.
Од оваа мерка, Владата очекува сериозна транспарентност, но и сериозна заштеда на трошење на парите на граѓаните во државата.
По овој основ се очекуваат најголеми заштеди следната година.