Критичен момент во потрагата по исчезнатата аргентинска подморница

Од:

Операцијата за пронаоѓање на аргентинската воена подморница „Сан Хуан“, која исчезна во јужниот дел на Атлантикот, трае цела недела и стигна до „критична фаза“, со оглед на тоа што 44-членниот екипаж можеби веќе се соочува со недостиг на кислород, соопшти портпаролот на Воената морнарица на Аргентина, Енрике Балби.

Тој повтори дека „Сан Хуан“ ја бараат десетици авиони и бродови од 12 земји, меѓу кои и Аргентина, Бразил, Велика Британија, САД и Чиле.

Ако, подморницата, која е направена пред повеќе од 30 години во Германија, потонала или поради некоја причина не може да исплови на површината, откако последен пат прати сигнал на 15 ноември, таа веќе би требало да ги троши последните резерви со кислород.

Би можело да ве интересира

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Аргентина ја освои Копа Америка – Финалето беше одложено речиси час и половина поради нереди

(ВИДЕО) Камења, солзавци и водени топови-голема пресметка во Аргентина поради реформите на претседателот Милеј