Фазлиу и Нанков на пуштање на патот Старчево – Крналово – Први Мај

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска, по заедничката седница на Владата на Република Македонија и на Владата на Република Бугарија во Струмица, на покана на бугарскиот колега, министерот за регионален развој и јавни работи Николај Нанков, ќе присуствува на церемонијата на пуштањето во употреба на реконструираниот пат III-1084 “III-108-Старчево-Крналово-Први Мај”, во Република Бугарија.

Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, реконструираниот пат на бугарска страна е од значење за жителите од двете страни на границата зашто ја олеснува комуникацијата до граничниот премин меѓу Република Бугарија и Република Македонија, Златарево – Ново Село.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска