Поради несигурност во која би се нашле по излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, околу 122 илјади европејци, од кои голем број лекари и медицински персонал ја напуштиле земјата.
– Точно 17 месеци откога Британците одлучија да ја напуштат ЕУ, голем број Европејци одлучија да ја напуштат таа земја. Околу 122 илјади веќе ги спакуваа куферите, додека бројот на новопристигнатите е намален, објави „Њујорк тајмс“.
Националната здравствена служба (НХС) на Британија имала недостиг на персонал уште пред одлуката за Брегзит, но тој недостиг бил пополнет со персонал од Европа. Меѓутоа, сега НХС се соочува со околу 40 илјади испразнети работи места.