Неповолни прогнози за британскиот буџет

Од:

Министерот за финансии на Велика Британија, Филип Хамонд ги претстави плановите за јавна потрошувачка, додека економските прогнози за Велика Британија константно се влошуваат со подготовките за излегување од Европската унија.

Неповолните проценки се поради постојаниот буџетски дефицит и успорениот раст, што не остава доволно пари за зголемена јавна потрошувачка.

Независната британска Канцеларија за буџетска одговорност прогнозира дека Британија во 2017 година ќе има економски раст од 1,5 отсто, а во 2018 година 1,4 отсто. За 2019 и за 2020 година прогнозите се – раст од 1,3 проценти, додека во 2021 година се очекува да биде 1,5 отсто.

Долгот на јавниот сектор изнесува 87,2 отсто од БДП, во споредба со 2007 година кога тој изнесуваше 40 отсто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП