Балканските земји и народи заеднички да работат на изградбата на подобра иднина, повикаа американските власти, како реакција на пресудата на Ратко Младиќ, кој првостепено е осуден на доживотна казна затвор.
– Вашингтон ја „поддржува важната работа на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија и ги почитува неговите одлуки, изјави неименуван портпарол на Стејт департментот, пренесуваат американските меидуми.
– Ќе продолжиме да оддаваме почит на жртвите на ужасните злосторства направени на тлото на поранешна Југославија, додал портпаролот и повикал да се избегнува „секаква реторика која раздвојува“.