Во полициска акција изведена на периферијата на Тбилиси загинаа припадник на грузиските специјални сили и тројца членови на вооружена група осомничена за тероризам.
Акциата започна доцна синоќа, а во неа повредени се четворција полицајци и еден од осомничените е уапсен. Криминалната група се криела во станбен комплекс во предградие на Тбилиси.
Пред спроведувањето на акцијата населението било евакуирано.
– Членовите на групата не се Грузијци и се осомничени за припадност во терористичка група, изјави попладнево на прес-конференција заменикот-шеф на администрацијата за државна безбедност Нино Ѓорѓобијани и додаде дека групата била под полициски надзор неколку недели.
Во моментов трае истрагата за утврдување на идентитетот на лицата и да се утврдат нивните криминални врски.
– Важно е да се напомене дека грузискиот оддел за борба против тероризмот неколку часа преговараше со нив за предавање, но тие го отфрлија тоа, рече Ѓорѓобијани. Потоа, членовите на криминалната група отвориле оган од автоматска пушка и почнале да фрлаат рачни гранати.