ВМРО-ДПМНЕ: Анкетните листови на активните политичари се јавни и секој може да ги провери, СЈО глуми ПР служба на СДС

Од:

„СЈО е партиско-политички огранок на СДС и дејствува исклучиво по наредба на Зоран Заев. СЈО е инструмент на Заев кој има единствена цел да ја дефокусира јавноста од антидржавните политики, неспособноста и расипништвото на криминогената врхушка во власта.

Анкетните листови на активните политичари се јавни и секој може да ги провери на интернет страницата на државната комисија за спречување на корупција. За тоа кој колку сметки има не е потребна истрага, ниту некој да биде платен со неколку илјади евра месечно. Тоа што Катица Јанева денеска го објави во медиумите под контрола на СДС не е ништо ново, туку нарачка на нејзиниот налогодавач Заев со која потврдува подреденоста, политизираноста и сервилноста на СЈО кон СДС.

Анкетните листови на актуелните и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ не се никаква новина. Ново е тоа што секојдневно се зголемува потребата СЈО да глуми ПР служба на СДС за медиумите под нивна контрола да не се осврнат на анкетните листови на Заев, Анѓушев или Рашковски кои за само шест месеци беа вклучени во десетици коруптивни скандали.

СЈО и СДС од Македонија направија заробена држава во која законите не важат за криминалната врхушка, а правниот систем му е целосно на располагање на Зоран Заев за политичка пресметка со неистомислениците.

Со заминување на СДС од власт и со враќање на правната држава секој ќе сноси индивидуална одговорност за политичките злоупотреби на функцијата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски