Просечната нето плата во септември 23.229 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето-плата во септември изнесува 23.229 денари и е поголема за 4,7 проценти во споредба со септември минатата година.

Државниот завод за статистика денеска објави дека зголемувањето се должи пред сé на покачувањето на платата во секторите Уметност, забава и рекреација, Преработувачка индустрија и во Рударството и вадење на камен.

Во однос на август годинава, забележано е зголемување на платата во секторите Уметност, забава и рекреација, Други услужни дејности и Земјоделство, шумарство и рибарство.

Зголемување од 4,6 проценти во однос на септември лани има и кај просечната бруто-плата која во септември годинава изнесува 34.127 денари.

Во септември годинава, еден процент од вработените во Македонија не зеле плата.

Би можело да ве интересира

Евростат: Најниска плата во Бугарија, највисока во Луксембург

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Горан Наумовски

Мицкоски: Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15