Општина Гевгелија со 3,7 милиони денари ќе гради нови училници на средното училиште „Јосиф Јосифовски“

Од:

За изградба на новите 14 училници во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, проект кој претставува дел од развојниот план на општина Гевгелија за 2018 година, Советот одлучи општината да ги обезбеди дополнителните 3,7 милиони денари кои како неопходни произлегоа по завршеното истражување од Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија.

За реализација на овој проект претходно од страна на Светската банка на општината и беше одобрен кредит од 34,7 милиони денари. Откако општина Гевгелија ќе ги обезбеди средствата за сопствено учество веднаш ќе почнат и градежните работи кои ќе се изведуваат на два ката во западното крило од училишната зграда.

Со реализацијата на овој значаен проект во гевгелиската гимназија ќе се обезбедат услови за едносменско работење кое ќе овозможи значително намалување на сегашните трошоци за изведување на образовниот процес.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија