Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека Велика Британија е подготвена да се бори и со воени сили, доколку е потребно за да ги задржи Фолкландските Острови.
Камерон реагирајќи на најновото барање на Аргентина да и се вратат спорните острови во интервју за телевизијата Би-Би-Си порача дека Велика Британија има подготвена „силна одбрана“ на овие острови.
Аргентинската претседателка Кристина Киршнер изјави оваа недела дека Британија Малвине, како што Аргентинците ги нарекуваат Фолкландите, насилно е одземена и побара островите да и се врата на Аргентина.
Таа по повод 180-годишнината од анексијата на Фолкландите упати отворено писмо до Камерон, во кое го повика за отпочнување преговори за враќање на островите.
Спорот меѓу двете земји датира од почетокот на 19. век, кога на островите пристигнале првите британски доселеници. Вооружен судир меѓу двете земји изби во 1982 година и тој заврши со победа на Велика Британија.