Продожуваат проблемите за Рафа Надал кој поради болест по настапот во ОАЕ нема да учествува и на првиот годинешен гренслем-турнир Австралија опен.
„Состојбата со коленото ми е многу подобра и рехабилитацискиот процес оди во посакувана насока, како што предвидуваа лекарите, но вирусот не ми дозволи да тренирам минатата недела. Жал ми е што морам да објавам дека покрај Доха, нема да играм и на Австралија опен“ рече шпанецот.
11- кратниот победник на Грене слем турнирите нема одиграно тениски меч од елиминацијата на Вимблдон во јуни годинава, кога во второто коло доживеа сензационална елиминација од Лукас Расол. По тој настап му беа утврдени проблемите со коленото, а ги пропушти и Летните Олимписки игри и не заигра до крајот на сезоната.