Британецот Енди Мареј е победник на турнирот во Бризбејн, откако во финалето го совлада Бугаринот Григор Димитров со резултат 2:0 по сетови 7:6(0) и 6:4.
На тој начин, Мареј ја одбрани титулата освоена минатата година, кога во финалето го совлада Долгополов.
Тоа е вкупно 26-ти трофеј во неговата кариера, а за Димитров ова беше прво финале на АТП турнир.