Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со францускиот актер Жерар Депардје на кого на 3 јануари му додели руско државјанство.
Снимката од нивната средба ја прикажа рускиот „Прв канал“. Вчера актерот со чартер лет стигна во Сочи.
На снимката се гледа поздравувањето на Путин и Депардје, ракувањето и нивното гушкање. Портпаролот на Путин соопшти дека на Депардје му бил врачен рускиот пасош, но камерата на „Првиот канал“ не го прикажа овој момент.
63 годишниот актер уште во декември најави дека ќе се одрече од француското државјанство за да избегне плаќање на данокот од 75 проценти по екстра приход.