Куќа изгоре во пожар во Скопје, нема повредени лица

Од:

Пожар избувнал вчера во куќа во Скопје која целосно била опожарена, а зафатени биле и уште три соседни куќи. Повредени лица нема, а причинета е само материјална штета. Во куќата во која избувнал пожарот биле малолетните деца на сопственикот, но тие биле навремено евакуирани од соседите.

– Вчера утрото во 10:50 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Брсјачка Буна“ од засега непознати причини избувнал пожар во куќата сопственост на А.Џ.(48), кој во моментот на пожарот не бил во домот, а во куќата биле неговите пет малолетни деца и истите навремено биле евакуирани од страна на соседите. Покрај неговата куќа, која била целосно опожарена, зафатени биле уште три соседни куќи, сопственост на Џ.Х.(26), на Ѓ.Ф.(35) на двете им биле опожарени само кровните конструкции, и на Н.Л.(42) на чијашто куќа била оштетена фасадата и кровната конструкција од помошен објект, информираа МВР.

Пожарот бил изгаснат во 11:45 часот од страна на екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Се работи на целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Изгаснат пожарот кај Лопатица, останува високиот ризик од нови огнени стихии

ЦУК: Пет активни пожари, два се под контрола

Горан Наумовски

Пожар во атарот на кумановското село Никуштак

Осум пожари се активни во земјава, 13 се изгаснати

(ВИДЕО) Ангелов: Да се исчистат од вегетација напуштените објекти, превенцијата од пожари помага многу

(ВИДЕО) Ангелов: Сѐ уште e активен пожарот кај прилепското село Чаниште