Бериша: Белград да се откаже од старите албанофобиски практики

Од:

Албанскиот премиер Сали Бериша ја смета за провокација најавата на српските власти за уривање на споменикот на борците на Oслободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац (ОВПМБ) и ги предупреди да не го допираат споменикот, објави онлајн изданието на тиранскиот весник „Шекули“.

– Од пред неколку недели се зголемуваат политичките тензии во Прешевската Долина, како резултат на заканата од страна на властите во Белград за отстранување на Споменикот на паднатите борци за слобода, кои загинаа на нивните етнички простори во одбрана на слободата и човековите права на Албанците од Прешево, кои им беа укинати од варварскиот режим на Слободан Милошевиќ. Оваа закана на српските авторитети е последователна потврда за албанофобијата на официјалната политика во Белград, изјави Бериша

Тој упати апел до српските политичари да ги остават настрана старите конфликти и да не провоцираат тензии, јави дописникот на МИА од Тирана.

– Албанската Влада апелира до авторитетите во Белград да ги остават настрана старите аланофобиски практики, да го почитуваат албанското малцинство кое живее на своите етнички простори во Србија и дава свој придонес во стабилноста и развојот на земјата. Албанската Влада упатува апел до Албанците во Прешевската Долина во никакви околности да не подлегнуваат на провокации од оние кои имаат само една цел, етнички да ги исчистат нивните општни и да ги истераат од нивните вековни етнички територии на еден или друг начин. За воља на вистината вандалите може со државна сила и насилство да го урнат споменикот на борците, на оние за слобода на Албанците, но тоа е само акт на страв. Нашите паднати борци никогаш не умираат, истакна Бериша.

Изјавата на Бериша следува по оние на српскиот премиер Ивица Дачиќ и претседателот Томислав Николиќ дека краен рок за отстранување на споменикот е 17 јануари по што насилно истот ќе биде отстранет.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски