Руското Министерство за одбрана оваа година ќе започне со изградба на три нови радиолокациски станици од типот „Воронеж“ во три региони на Русија – Краснојарскиот, Алтајскиот и областа Оренбург, изјави претставникот на Воздухопловно-вселенската одбрана, полковник Алексеј Золотухин.
Веќе четири радари од нова генерација се воведени во составот на Главниот центар за предупредување од ракетен напад.
Во октомври 2012 година вршителот на должност командант на војската на Воздухопловно-вселенската одбрана Олег Остапенко истакна дека изградбата и опремувањето на радиолокациските станици од системот за предупредување од ракетен напад ќе заврши пред предвидениот рок до 2020 година.