Заврши меѓународната климатска конференција во Бон

Од:

Со постигнат напредок во приближување на позициите и во исполнување на Договорот потпишан во Париз во 2015 година заврши Меѓународната климатска конференција во Бон.

Едно од клучните прашања беше позицијата на Германија да определи јасен термин до кога би се откажале од употребата на јагленот како енергенс, меѓутоа и покрај барањата на еколошките организации, Меркел одби да се обврзе на рок за затворање на германските рудници за јаглен и термоцентралите.

Џорџ Дејвид Бенкс, предводникот на делегацијата на САД, на конференцијата ја промовираше употребата на јагленот како енергенс, што е спротивно со одредбите на Договорот од Париз.

Целта на договорот од Париз е да се забави глобалното затоплување на планетата под 2 степени до крајот на 21 век, а начинот на кој се очекува ова да се постигне е со намалување на испуштањето на јаглерод диоксидм кој се ослободува со горењето на фосилни енергенси како јагленот.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници