Шеснаесет години постоење денеска прослави Универзитетот на Југоисточна Европа, а од неговото основање до денес на универзитетот дипломирале 11.762 студенти.
– Шеснаесет години е кус временски период за да се создадат големи историски настани, но во балканската димензија, успехот на нашиот универзитет е поврзан не само со образовните туку и со социо-политичките и културните параметри. Сепак, нашиот врсник е Болоњскиот процес, највозвишената реформа на високото образование во Европа; ние сме три години постари од Фејсбук; седум години постари од првиот Ајфон; ние израснавме во ерата на технолошката револуција што овозможи глобализацијата да достигне незамисливи нивоа – каде што комуникацијата, мобилноста и слободниот пазар ги надминаа границите и отворија нова димензија на опсегот на универзитетите, истакна ректорот на Универзитетот Замир Дика.