Испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во општината Центар, кои утрово останаа без греење поради дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа, е нормализирана.
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи иако успеаја да ја нормализираат испораката на топлинска енергија, во текот на вечерните часови и ноќта ќе продолжат да работат за целосна санација на дефектот на магистралниот вод.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.