Иран подготвува софтвер за контрола врз интернетот

Од:

Началникот на иранската полиција Есмаил Могадам изјави дека новиот софтвер же им дозволи на корисниците да се радуваат од користењето интернет, а истовремено ќе го блокира пристапот до злонамерните содржини.

Тој не потенцира кога ќе стапи во функција софтверот, ниту кои социјални мрежи ќе бидат опфатени.

Моментално Иранците имаат пристап до повеќето веб страници на интернет, а социјалните мрежи Фејсбук и Твитер се многу популарни. Властите ги стопираат некои сајтови, поврзани со опозицијата, како и оние кои се сметаат дека поттикнуваат неморал и несогласување.

Минатата година Иран формира владина агенција, која ќе го надгледува користењето на интернетот во земјата.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел