ВМРО-ДПМНЕ: Кредибилитетот на Спасовски и СДС да предлагаат мерки за контрола на следењето на комуникациите е нула

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение денеска реагира на изјавите на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Човекот кој го организираше и реализираше незаконското следење на комуникациите и во аферата “Големо уво” и во аферата “Пуч” сега е советник во владата на Зоран Заев.

СДС и СЈО го ослободија од притвор Зоран Верушевски и се откажаа од кривичен прогон на останатите членови на неговото злосторничко здружение.

Затоа кредибилитетот на Спасовски и СДС да предлагаат мерки за контрола на следењето на комуникации е еднаква на нула.

Политичката злоупотреба на незаконско прислушкување во минатото е патент и знак на препознавање на СДС. Впрочем Спасовски не негираше дека и во моментов се прави истото.

СДС се користи со методи на политички прогон специфични за минатиот век. ВМРО-ДПМНЕ е на удар на службите на државата кои се злоупотребуваат за партиски потреби.

Спасовски и СДС под превезот на демократијата ги газат човековите прави и слободи. Правната држава е девалвирана, а правото не се почитува. СДС треба да знае дека за секое законско прекршување ќе има одговорност со враќањето на правната држава и владеењето на правото во Република Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски