Конференција: Граѓанскиот организации не се непријатели, работат во ист правец со институциите

Од:

Во организација на Центарот за интеркултурен дијалог, European Projects Association (EPA) и Македонскиот зелен центар денеска се одржа завршната конференција „Улогата на граѓанското општество во европската интеграција“ на која што беше кажано дека невладините организации не се непријатели, туку работат во ист правец со институциите и даваат свое видување на различни теми од општеството.

Конференцијата е дел од 14-месечниот проект „Граѓанско општество за европска интеграција“ финансиран од ЕУ, преку ИПА Програмата.

Координаторот на проектот, Матеј Маневски од Центарот за интеркултурен дијалог кажа дека целите на проектот биле креирање партнерство меѓу гражанските организации и институциите со фокус на забрзување на евроинтеграциите.

На конференцијата присуствуваше и министерот без ресор, Зоран Шапуриќ кој истакна дека Владата е определена за интензивирање на соработката со граѓанскиот сектор.

– Граѓанското општество и неговата улога е вклучено во „Планот 3-6-9“ која е договорена со ЕК и со еврокомесорот Хан и со други институции на ЕУ, каде е изготвен еден прашалник од Владата и делумно учествуваа невладините организации, рече Шапуриќ.

Би можело да ве интересира

НВО Инфо: Локалните власти да ја зајакнат транспарентноста при трошење на државните пари

Ана Ололовска

ВИДЕО: НВО бараат итно донесување на законот за спречување и заштита од дискриминација

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Перцепцијата на граѓаните за работата на општинските инспекции: Инспекторите повеќе ги штитат моќниците отколку јавниот интерес

Ана Ололовска

НВО: Новиот закон за основно образование е чекор напред во заштитата од дискриминација и насилство во училиштата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Револт кон власта: Потценувачка е сумата од 100 евра за издршка на лице со попреченост

Предраг Петровиќ