Измени на Законот за заштита на сведоци за поголема ефикасност на СЈО

Од:

Владата на Република Македонија ќе предложи измени на Законот за заштита на сведоци со кои се обезбедуваат услови за поголема автономија и ефикасност на Специјалното јавно обвинителство.

Одлуката е донесена на вчерашната владина седница, а предлог-измените се дел од итните реформски приоритети поврзани со правосудството.

– Целта на оваа измена да се обезбедат услови за поголема автономија и ефикасност на СЈО за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, истакна денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Предложените измени, велат од Владата, се направени во консултација со Специјалното јавно обвинителство.

Уште минатата година во јануари СЈО го покрена ова прашање, но сите обиди да биде донесен ваков закон во Собранието, беа неуспешни.

Би можело да ве интересира

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски