Годишен Саем на колеџи во САД

Од:

По повод Меѓународната недела на образование, денеска од 17 до 19 часот, во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје, Амбасадата на Соединетите Држави во Македонија ќе го организира четвртиот годишен Саем на колеџи во САД. Настанот е отворен за јавноста, влезот на Саемот е бесплатен.

Дваесет претставници од заедницата на Амбасадата, вклучително и заменик-шефот на мисијата, Микаела Швеицер – Блум, ќе презентираат различни аспекти од своето искуство на американски колеџ, а ќе бидат на располагање и да одговараат на прашања за високото образование во Соединетите Држави.

Советниците на EducationUSA ќе даваат информации за процесот на аплицирање на универзитетите во САД, како и за услугите што студентите можат да ги добијат во центрите на EducationUSA во Македонија. Освен тоа, советникот за образование од Амбасадата на САД ќе биде таму да одговара на прашања за можностите за добивање стипендии од владата на САД и за програмите на образовна размена.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март