ВИДЕО: Навивачите на Партизан се степаа меѓу себе

Од:

Навивачите на Партизан, познати како „Гробари“ направија неред во салата „Пионир“, и тоа помеѓу себе откако дојде до недоразбирање меѓу две фракции од групата, при што беа запалени многу факели и петарди, а тоа предизвика прекин на натпреварот меѓу Партизан и Цибона.

При резултат 19:16, мечот беше прекинат, а капитенот на „црно-белите“, Владимир Лучиќ ги замоли навивачите да се однесуваат коректно. Но, тоа во прв момент не вроди со плод.

Откако двете екипи заминаа во соблакувалните, вербален конфликт со навивачката подгрупа „Забрањени“ имаше и тренерот на Партизан, Душко Вујошевиќ.

По поголема пауза, на инсистирање на делегатот, натпреварот сепак е продолжен, а на крајот Партизан славеше со 74:68.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос