СДСМ Охрид: Политичкиот реваншизам е одлика на ДПМНЕ

Од:

„Политичкиот реваншизам е одлика на ДПМНЕ и тие тоа најдобро го знаат. Владеењето преку сеење страв е нивниот препознатлив белег, а за ангажирање на нестручни и несоодветни кадри, тие „до вчера“ пишуваа цели енциклопедии. Заводот за кардиоваскуларни заболувања е една од најдобрите здравствени установи во земјава, за што може да посведочи и самиот Бакрачески. Најодговорно тврдиме дека никој и никогаш нема да дозволи тој имиџ да се промени. Ние жалиме што назначувањето на Бакрачески за раководител на Одделението за аритмии, ДПМНЕ го смета за политички реваншизам, но ако подобро се информираат, ќе видат и ќе можат и самите да се уверат дека станува збор за менаџерска одлука, а не политичка.

Сепак, не ни е јасно од каде ДПМНЕ наоѓа образ да зборува за пресметување со политички неистомисленици, кога токму Бакрачески беше тој кој ја создаде казнената испостава на локалната самоуправа во Косел, и одлучи таму да ги прераспределува, малтретира и под разни закани принудува да работат во услови под секакво човечко достоинство, вработени кои не ја симпатизираа неговата партија. Слично како што беше постапувано со поранешниот директор на ЈП „Билјанини Извори“ кој беше деградиран од директор до наплатувач на паркинг токму од страна на Бакрачески, а примери има уште многу.

Социјалдемократскиот Сојуз е сериозна партија чија основна заложба и пред, и по преземањето на власта беше еднаш и засекогаш да се искорени принципот на вработување и унапредување само на политички подобните, а за сметка на квалитетните кадри. А за кадровските решенија на Заводот за кардиологија, ДПМНЕ може слободно да се обрати до менаџментот на установата и лично да добијат одговори на нивните прашања“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он