Продлабочување на царинската соработка со Република Франција

Од:

Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски денеска, во просториите на Царинската управа одржа работна средба со царинското аташе на Република Франција Пиер Бујон.

За време на состанокот договорена е поддршка на плановите за развој на Царинската управа на Република Македонија од страна на Царината на Република Франција во насока на нивна реализација. Исто така, за време на средбата се даде осврт и на постигнатите резултати од досегашната соработка помеѓу двете земји, како и перспективи за идни активности на соработка.

Претставниците на двете институции изразија подготвеност за зајакнување на соработката што ќе резултира со нови обуки и проекти за зајакнување на капацитетите на Царинската управа во борбата против организираниот криминал, разузнавањето, анализата на ризик, борбата против финансиски криминал.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он