(ВИДЕО) Груби: Се надеваме на изгласување на законот за јазиците до крајот на годинава

Од:

Го поздравувам гласањето на СДСМ и коалицијата за потреба од законот за јазици и се надевам дека комисиската расправа ќе помине во најдобар ред и законот ќе биде донесен оваа година, рече Артан Груби од ДУИ, по изгласувањето од потреба на законот за јазиците.

Груби рече дека тој и неговата партија се разочарани од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа против но се надева дека ќе ја променат оваа одлука и ќе гласаат позитивно кога ќе дојде време за изгласување на законот.

Груби истакна дека законот за јазиците е производ од политички договор помеѓу СДСМ и ДУИ и смета дека ќе биде изгласан бидејќи не се коси со Уставот.

– Не гледам потреба од голема амандманска расправа бидејќи законот е во рамките на Уставот. Седница на Комисијата за европски прашања ќе биде закажана на Денот на албанската азбука, рече Груби кој напомена дека со овој закон се заокружува нормативниот дел од Рамковниот договор.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он