Граѓаните мора да се екстремно претпазливи со бадникарските огнови при вечерашната прослава, препорачуваат од Противпожарниот сојуз.
Секој помал оган може да прерасне во пожар кој во урбани средини може да предизвика сериозни материјални штети и последици по здравјето на луѓето.
– При вакви настани граѓаните мора да се свесни за последиците и тогаш кога самите се обидуваат да го изгаснат огнот нестручно може да дојде до изгореници и задушување со јаглерод моноксид. Мора да се биде сигурен дека огнот е целосно угаснат бидејќи може потоа да се разгори кога нема никој во близина, вели за „Телма“ Петар Платников од Општинскиот противпожарен сојуз на Аеродром.