Економскиот раст на Македонија според последната прогноза на Меѓународниот монетарен фонд е ревидиран од 3,2 на 1,9 отсто, додека за следната година тој изнесува 3,2 отсто, наместо првично прогнозираните 3,4.
Во регионалниот економски извештај на ММФ се наведува дека инфллацијата во Македонија оваа година ќе биде 0,3 отсто, следната 2,6, а во 2019 година 1,9 отсто.
Буџетскиот дефицит, според ММФ, годинава ќе биде 2,3 отсто од БДП, догодина 2,5, а во 2019 година ќе биде 2,8 отсто.
Според ММФ, стапката на невработеност во Македонија ќе продолжи со падот, па од годинашните 23,4 отсто, ќе се намали на 23,2 во 2018 и 23 отсто во 2019 година.