Можно е да дојде до промена на лидерската позиција во Конзервативната партија во Велика Британија откако четириесет пратеници потпишаа писмо за недоверба кон премиерката Тереза Меј, објави „Сандеј тајмс“.
Потребни се само уште 8 потписи за нови избори за претседател на партијата и евентуална замена на Меј на премиерската позиција.
Како што пишува весникот со Меј не се согласуваат и дел од министрите во владата во врска со нејзината позиција по прашањето за излегување на Велика Британија од ЕУ.
– Страшно е да се каже, но ние се приближуваме сè повеќе кон моментот кога за некое време ќе треба да бидеме опозиција, за да се прегрупираме, цитира “Сандеј тајмс” неименуван извор од британската влада.