На избирачкото место 2901 во општина Чаир денеска се повторува гласањето од вториот круг на локалните избори, откако Управниот суд донесе одлука за прегласување по жалбата на БЕСА.
На оваа избирачко место гласаат вкупно 719 избирачи, а вкупната разлика во Чаир помеѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа.
На избирачкото место 2901 тогаш разликата беше 66 гласа.