„Самоопределување“ најави протести на Божик

Од:

Движењето „Самоопределување“ в понеделник, на православниот празник Божик, ќе одржи протест во Дечани и ќе го блокира влезот во манастирот Високи Дечани, најави извршниот секретар на косовското движење Дардан Молиќај.

Повод за организирање на протестот е одлуката на посебното одделение на Врховниот суд на Косово, кое потврди дека 20-те хектари земјиште, кои во 1997 година тогашната српска влада им ги подари на манастирот, му припаѓаат на овој верски храм, а исто така и да им се оневозможи посета на српските функционери по повод празникот.

Молиќај изјави дека станува збор за политичка одлука на судот, која дошла како резултат на влијанието од Белград.

Вториот човек на „Самоопределување“ и потпретседател на косовскиот Парламент Глауф Коњуфца истакна дека евентуалното потпишување на „мировен договор меѓу Косово и Србија ќе создаде услови за регионален судир“. Според него без измени во Уставот на Србија и повлекување на паралелните структури од Косово не може да има мировни однос со Белград.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина