Вработен од домот „Здравко Цветковски“ Скопје пријавил дека вчера на авотубска постојка на булевар Паризански одреди е извршено разбојништво врз две налолетни лица штитеници во домот.
Според пријавата, А.М. од Ресен и М.Б. од село Другово, кичевско чекаше автобус кога им пристапиле три непознати лица на возраст од околу 20 години. Двајца од нив извадиле ножеви и со закана побарале да им дадат се што имаат во себе по што А.М. извадил 300 денари и им ги дал, а М.Б. го фатиле за врат и го удриле со тупаници во пределот на главата, по што избегале.
Нешто подоцна, Ј.Г пријавила дека околу 18.15 часот во Скопје во непосредна близина на Универзална сала, три непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво врз нејзинот седумнаесет годишен син Д.Г. и му одзеле 300 денари.
СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.