СДСМ: Заврши времето на протекционизам, денес законите важат за сите подеднакво

Од:

СДСМ реагира на прес конференцијата на Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо друго освен лажни вести преку кои секојдневно ја манипулира јавноста.

Времето на протекционизам, повластени компании и поединци и договорени тендери заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во опозција. Денес, воспоставените законски прописи важат за сите подеднакво.

Во конкретниот случај, станува збор за вообичеана административна постапка што се води пред надлежните органи за изградба на хидроцентрали и во моментов е на ниво на вадење таканаречена „лична карта’. Без разлика кој ја предводи владата, започнатите административни постапки мора да течат понатаму.

Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го сокријат фактот дека Владата предводена од СДСМ и сите учесници во неа продолжуваат да работат одговорно, отчетно, транспарентно и во интерес на сите граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат