ВМРО-ДПМНЕ: Се што Заев и СДС ќе срушат или преименуваат, ВМРО-ДПМНЕ ќе врати откако ќе се врати на власт

Од:

„Зоран Заев подолг период наназад тргува со македонските национални интереси за своја лична корист и заради добивање политичка поддршка за доаѓање на власт на СДС. Намерата за преименување на аеродромот е само последен во низата отстапки кои Заев ги презема на грбот на државата.

Вчера видовме дека во Народната универзитетска библиотека, среде Скопје се промовираше на изложба Гоце Делчев како бугарски ослободител. Заев претходно најави дека подготвувал ново име за земјата.

Списокот на срамни пазарења и антимакедонски акти и позиции е предолг. ВМРО ДПМНЕ е против преименување на аеродромот и доколку Заев сака постхумно да му се оддолжи на Киро Глигоров, тогаш нека ги пронајде нарачателите и извршителите на атентатот врз него и нека ги санкционира лицата кои самиот Глигоров ги посочуваше дека му влегувале во канцеларија со непринципиелни, коруптивни понуди од грчка страна за промена на името.

Се што Зоран Заев и СДС периодов ќе срушат или преименуваат, ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати откако ќе се врати на власт.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека во секоја држава за значајни прашања се води дијалог помеѓу партиите, но во рамките на државните институциите, и во моментов не ја гледа потребата ниту ја знае темата за друг вид на средби.

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против политички дијалог, но повторување на „Пржино“ во или надвор од Р. Македонија е непотребно и неприфатливо. Ние сме за разговори со парламентарното мнозинство, но преферираме тој дијалог да биде во рамките на државните институции. За прашања како што е спорот околу името, остануваме на ставовите дефинирани во нашата програма.

ВМРО ДПМНЕ се уште нема прецизни информации околу темите на кои би се разговарало во Париз, па во овој момент не би можеле априори да се произнесеме. Откако ќе се детализираат работите би излегле со конечен став во врска со евентуалните средби со партиите од мнозинството“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски