В недела пренасочување на сообраќајот во центарот на Скопје поради атлетска улична трка

Од:

Поради одржувањето на традиционалната Атлетска улична трка во централното градско подрачје, на 12 ноември 2017 година (недела), во периодот од 16:00 до 17:00 часот затворени за сообраќај ќе бидат: улицата 11.Октомври од крстосницата кај Црвен крст, преку улицата Димитрие Чуповски до крстосницата кај ТЦ „Палома Бјанка“, улицата Филип Втори Македонски од хотелот „Холидеј ин“ до крстосницата со улицата 11.Октомври.

Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 50, 57 и 59 од Битпазар ќе се движат право по булеварот Кочо Рацин и улицата Кирил и Методиј и ќе продолжат по својата траса. Во обратна насока ќе се движат по улицата Даме Груев (зад зградата на Собранието), улицата 11.Октомври, булеварот Кочо Рацин и ќе продолжат по своите траси.

Линиите со број 3, 4, 4А, 5, 7, 15, 15А, 21, 22, 23, 24 ,25, 27 и 28 ќе се движат по булеварот Кочо Рацин, улицата Кирил и Методиј и ќе продолжат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по улицата Даме Груев (зад зградата на Собранието) и ќе продолжат по своите траси.

Линијата број 16 од Битпазар ќе се движи право по булеварот Кочо Рацин и ќе продолжи по своја траса во двете насоки.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот режим на сообраќај и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето