(ВИДЕО) Џафери: Доколку пратениците не бидат фокусирани при гласањето, повторно ќе ставам слики во собраниската сала

Од:

Со цел подобро функционирање на Собранието, ќе побарам пратениците да бидат фокусирани при изгласувањето на Законите, во спротивно повторно ќе ставам слики на масата во собраниската сала, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на средбата со новинарите алудирајќи на изјавата на пратеникот Тунтев дека неговата пратеничка група не била фокусирана при носењето на законот за Народниот правобранител.

Џафери на оваа средба исто така информираше дека постои иницијатива за одредени промени во Деловникот во поглед на прецизирање на одредбите за некои прашања конкретно за пратеничките групи и нивните овластувања и конкретизирање на правото на реплика.

Претседателот на Собранието информираше дека Законот за јазици е при крај што би значело дека се очекува да биде донесен наредната недела. Исто така напомена дека тој како претседател има издвоено неколку точки кои треба да бидат затворени до крајот на оваа година, а тоа се изборот на членови на Влада, изборот на Јавен обвинител, седница за обраќање на претседателот Иванов, седница за донесување буџет и седница за ратификување на договорот со соседна Бугарија.

Собранието од формирањето на новата влада до сега има донесено 20 закони од кои 1 по итна постапка, 13 по скратена постапка, 4 по редовна и 2 ратификации. Џафери изјави дека е задоволен со оваа динамика на работа на Собранието со оглед на тоа дека Парламентот повеќе од еден месец не беше во функција поради предизборната кампања.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител