Светска банка ја казни спрската градежна компанија „Енергопроект“, нискоградба со 2,5 години забрана за добивање бизниси под нејзино покровителство поради малверзации на проекти во Уганда.
– Тој случај е само уште еден пример зошто борбата против корупцијата е важна за Светска банка, но и за компании кои се вклучени во развојни проекти – изјави Леонард Мекарти, потпретседател на СБ.
Мекарти наведува дека само чист бизнис е всушност, паметна работа. Ќе продолжиме да се трудиме максимално да ја зголемиме вредноста на инфраструктурниот развој. Казната е изречена откако во „Енергопроект“ признале дека имало неправилности за време на изградба на патишта и развојни проекти во Уганда.