Во септември зголемен бројот на туристи за 23,9 проценти

Од:

Во Македонија во септември годинава имало 104.120 туристи, со 242.719 ноќевања, што во однос на септември лани претставува зголемување за 23,9 проценти, односно за 23,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во септември годинава споредено со септември минатата година имало за 29,1 процент повеќе странски туристи, со 22,8 проценти повеќе ноќавања, а за 10 проценти повеќе домашни туристи, кои бележат повеќе ноќевања за 23,8 проценти.

Во периодот јануари-септември година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,7 проценти, при што кај домашните има зголемување за 6,9 проценти, а кај странските за 23,7 проценти. Во првите девет месеци имало за 12,4 проценти повеќе ноќевања, со зголемување за 5,3 проценти кај домашните туристи и за 22,6 проценти кај странските.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ