Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон вчера телефонски разговарал со саудискиот колега Адел ал Џубеир, за состојбата во земјата откако престолонаследникот Мухамед бин Салман нареди апсење на десетици принцови и министри и откако Саудиска Арабија соопшти дека е во воена состојба со Либан.
Американскиот в.д. амбасадор во Саудиска Арабија имал средба со либанскиот премиер Сад Харири, кој пред неколку дена поднесе оставка за време на неговата посета на Саудиска Арабија и за кого се стравува дека е во домашен притвор во Ријад.
Стејт департментот одби да го коментира статусот на Харири, односно дали тој е гостин на Саудијците или нивен заробеник.