Вајгл ги продолжува разговорите за проектот „Жан Моне“

Од:

Европратеникот Иво Вајгл денеска ќе ги продолжи разговорите со претставниците на парламентарните партии во македонското Собрание за, како што изјави, проектот Жан Моне на Европскиот Парламент.

Вајгл претпладнево во македонскиот Парламент ќе се сретне со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Томислав Тунтев и на ДУИ, Ејуп Алими, како и со Сурија Рушиди од Алијанса на Албанците.

Вчера, Вајгл имаше средби со претседателот на Парламентот Талат Џафери, со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на БЕСА Африм Гаши, како и со Мерал Узеири Ферати од ДПА.

– Би сакал да разговараме за проектот „Жан Моне“ на Европскиот Парламент што значи покревање на дијалогот на политичките играчи во Македонија и интеракција со парламентарците од Европскиот Парламент, рече кусо европратеникот Вајгл во изјава за медиумите. Она што го очекува, како што кажа, „е само добро, кога е во Скопје“.

Би можело да ве интересира

Вајгл: Во јуни оваа година треба ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија

Наум Локоски

Вајгл: Бегството на Груевски нема непосредно да влијае врз евроатлантскиот пат на земјата

Ана Ололовска

Вајгл: Пратениците кои гласаа „за“ ги зашититија виталните интереси на граѓаните

Наум Локоски

Вајгл: Македонските политичари решаваат за судбината на државата

Кристијан Ландов

Вајгл: Отворен патот за членство во ЕУ и НАТО

Наум Локоски

Вајгл, Флекенштајн и Кукан во понеделник во Скопје

Ана Ололовска